Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • ИЈЗ: Нови 12 случаи на Covid-19, највисока инциденца регистрирана во Охрид

ИЈЗ: Нови 12 случаи на Covid-19, највисока инциденца регистрирана во Охрид

1 min read
ИЈЗ: Нови 12 случаи на Covid-19, највисока инциденца регистрирана во Охрид

Охрид панорама од стариот дел пристаниште кеј центар

Скопје/Охрид, 16. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 7-ми до 13-ти октомври 2024 година, регистрирани сe 12 нови позитивни случаи на Covid-19, со намалување од 40% во однос на претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 3 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, a највисока инциденца е регистрирана во Охрид. Регистрирани се заболени лица во возрасни групи над 30 години, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Со статус „оздравени“ се стекнале 24 лица, а не е пријавено починато лице асоцирано со Covid-19, стои во извештајот.

Годинава, заклучно со 13-ти октомври се регистрирани вкупно 1.701 заболени со овој вирус.

По период на многу слаба активност, во летото 2024 година се детектираше зголемена активност на SARS-CoV-2 во рамките на европскиот континент, вклучително и во Македонија. Лицата на возраст од 60 години се со најголем ризик од тешка болест.

Иако бројот на заболени од Covid – 19 на неделно ниво се намалува, со оглед на тоа дека почнува периодот на зголемена циркулација на респираторни вируси во северната хемисфера, постои ризик активноста на SARS-CoV-2 да се зголемува, што ја нагласува континуираната потреба од надзор (епидемиолошки и вирусолошки) на национално и регионално ниво. (Крај)

извор:ИЈЗ фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous Левица: Во јадрото на струшката чаршија се гради незаконски без одобрение за градба?!
Next SUPER Fresh Music: Lazza – Canzone D’Odio

Слични вести

Сузана Манчиќ, Владо Калембер, Дадо Топиќ, Принц од Врање дел од учесниците на интернационалната вечер на „Охрид Фест 2026“ Сузана Манчиќ, Владо Калембер, Дадо Топиќ, Принц од Врање дел од учесниците на интернационалната вечер на „Охрид Фест 2026“
1 min read

Сузана Манчиќ, Владо Калембер, Дадо Топиќ, Принц од Врање дел од учесниците на интернационалната вечер на „Охрид Фест 2026“

„Аустријан ерлајнс“ од недела почнува да лета од Виена за Охрид „Аустријан ерлајнс“ од недела почнува да лета од Виена за Охрид
1 min read

„Аустријан ерлајнс“ од недела почнува да лета од Виена за Охрид

Викендов изложби на кучиња во Охрид Викендов изложби на кучиња во Охрид
1 min read

Викендов изложби на кучиња во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.