Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Календар на МПЦ-ОА: Свети свештеномаченик Дионисиј Ареопагит

Календар на МПЦ-ОА: Свети свештеномаченик Дионисиј Ареопагит

1 min read
Календар на МПЦ-ОА: Свети свештеномаченик Дионисиј Ареопагит

календар на МПЦ-ОА празници Свети свештеномаченици Дионисиј Ареопагит

Охрид, 16. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го слават споменот и Денот посветен на Свети свештеномаченик Дионисиј Ареопагит.

Се вбројува во Седумдесетте апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Египет за да учи уште. Во тоа време, еден ден на Крстот издивна Господ Исус Христос и сонцето се помрачи и во Египет беше темно три часа. Тогаш Дионисиј возвикна: „Или Бог, Создателот на светот страда или овој свет завршува.“ Кога се врати во Атина се ожени со Дамара и со неа имаше синови. Беше член на највисокиот суд кај Грците, наречен Ареопаг, заради што и го доби називот Ареопагит.

Кога апостолот Павле го проповедаше Евангелието во Атина, Дионисиј со целиот свој дом се крсти. Од Павле беше посветен за епископ Атински, бидејќи ги остави жената и децата и положбата во општеството заради љубовта Христова. Доволно долго патуваше со Павле и ги запозна останатите Христови апостоли. Отиде во Јерусалим со цел да ја види Пресвета Богородица и средбата со неа ја опиша во едно од своите дела. Беше и на погребот на Пречистата заедно со другите апостоли. Кога неговиот учител, светиот апостол Павле, пострада маченички, Дионисиј посака и за себе таква смрт. И отиде да го проповеда Евангелието меѓу варварите во Галија, заедно со презвитерот Рустик и ѓаконот Елефтериј. Многу претрпе, но и многу успеа. За неговиот труд многумина незнабошци се обратија кон верата Христова.

Во Париз, Дионисиј изгради малечка црква во којашто Му служеше служба на Бога. Кога имаше деведесет години, го фатија и го мачеа за Христа, заедно со Рустик и Елефтериј, сè додека најпосле не ги убија со меч сите тројца. Отсечената глава на свети Дионисиј отскокна на големо растојание и падна пред една христијанка Катула, којашто заедно со неа чесно го погреба и телото. Тој пострада во времето на Дометијан во 96 година. Напиша значајни дела: за таинственото богословие, за небесната и црковната хиерархија, за Пресвета Богородица.

Тропар

Ревнителу за вистината, Дионисие, ученику на великиот Павле, трагачу по бесмртноста, помазанику Христов, тебе мудрост Господ ти подари кога го виде твоето срце спремно за Него, ти кој стана откровение на Божјиот домострој, животот вечен го наследи, а за нас, предавајќи ни го твоето тело моли се до Небесната Црква да стигнеме. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

Post navigation

Previous Меѓународeн ден на борба против гладта, хуманитарна акција во Охрид
Next Симулациска вежба за размена на информации во реално време за криумчарење мигранти и трговија со луѓе во Охрид

Слични вести

Второ место и подобрени лични рекорди за пливачите од „Акваспирит“ на „Теута Куп 2026“ во Драч Второ место и подобрени лични рекорди за пливачите од „Акваспирит“ на „Теута Куп 2026“ во Драч

Второ место и подобрени лични рекорди за пливачите од „Акваспирит“ на „Теута Куп 2026“ во Драч

Димитар Димоски е првенец на генерација во ООУ „Братство Единство“ Димитар Димоски е првенец на генерација во ООУ „Братство Единство“

Димитар Димоски е првенец на генерација во ООУ „Братство Единство“

Утре ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветните мерки за заштита Утре ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветните мерки за заштита

Утре ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветните мерки за заштита

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.