Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Карамарко и Петров ќе бидат вицепремиери во новата хрватска влада

Карамарко и Петров ќе бидат вицепремиери во новата хрватска влада

Загреб, 5. јануари 2016 (ИНПРЕС) – Лидерите на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и Независната листа Мост, Томислав Карамарко и Божо Петров потврдиле дека е договорено да бидат вицепремиери во новата хрватска влада, која ќе биде предводена од непартискиот премиер Тихомир Орешковиќ, пренесуваат хрватските медиуми.

Карамарко изјавил дека ќе биде или заменик премиер или, пак, прв потпретседател со овластувања на заменик.

– Тоа е поддршка која новиот мандатар мора да ја има од нас двајца, кои го сочинуваме парламентарното мнозинство. Дефинитивно, стабилноста е важна, рекол Карамарко.

Мост на состанокот со ХДЗ се согласил за намалување на бројот на министерствата и повторил дека за оваа партија важни се министерствата за внатрешни работи и правосудство, додека, пак, Карамарко изјавил дека околу ова ќе се разговара во претстојниот период. (Крај)

извор: Макфакс фото: Макфакс

Post navigation

Previous Вујановиќ: Николиќ ја навреди Црна Гора со изјавата дека е „играчка на НАТО и ЕУ“
Next Во Косово уапсени две лица кои се вратиле од војната во Сирија

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.