Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Тирана, 6. февруари 2016 (ИНПРЕС) – Американскиот државен секретар Џон Кери на 14 февруари ќе престојува во официјална посета на Албанија.
Во Тирана тој ќе допатува по петдневен престој во Европа, што ќе го започне со учество на 52. Минхенска конференција за безбедност во Германија. Со албанските функционери, според локалните медиуми, тој ќе разговара за натамошната евроатлантска интеграција на земјата и билатералната соработка.
Џон Кери е петтиот американски државен секретар што ја посетува Албанија откако излезе од комунизмот, што е поважно, втор од тимот на Барак Обама, бидејќи во Тирана во 2012 година престојуваше и неговата претходничка Хилари Клинтон, која пак двапати беше блиску до Македонија (еднаш и во Косово), а ја прескокна. За споредба, прв и последен државен секретар што бил во Македонија беше Колин Пауел, а претходно престојуваше Медлин Олбрајт, додека на Кери ова не му е прва посета на регионот и прво заобиколување на нашата држава. (Крај)
извор: Утрински фото: архива
