Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Конференција по повод 65 годишнината од образованието по социјална работа и социјална политика во Охрид

Конференција по повод 65 годишнината од образованието по социјална работа и социјална политика во Охрид

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 15. септември 2023 (ИНПРЕС) – По повод 65 годишнината од образованието по социјална работа и социјална политика, Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира меѓународна конференција на тема „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“.

Конференцијата ќе се одржи од 19-ти до 22-ри септември 2023 година во Охрид. Над 130 учесници од земјата и странство ќе промовираат и дискутираат истражувања, практики и политики поврзани со теми кои се занимаваат со прашањето на глобалните кризи од различни перспективи релевантни за социјалната работа и социјалната политика.

– Трудовите и излагањата се контекстуализирани во неколку домени на анализа, вклучувајќи:Одговори на социјалните држави и социјалните политики на глобалните кризи; Социјалните услуги во контекст на повеќекратни кризи; Глобалните кризи и човековите права; Влијанието на глобалните кризи врз социјално ранливи лица, како: мигранти, бегалци, жртви на семејно насилство, невработени итн. Влијанието на глобалните кризи врз социјалната заштита, детската заштита, вработувањето, образованието и здравјето, како и Иновации во истражувањата, образованието и стручната пракса за социјалната работа и социјалната политика, информираат организаторите.

Конференцијата е под покровителство на Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, и се организира во партнерство со Министерството за труд и социјална политика, УНИЦЕФ, Фондацијата Фридрих Еберт, како и Федералното Министерство за социјални прашања на Австрија.

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Сдк.мк: Пет лица загинале, а 54 се повредени во сообраќајни несреќи годинава и лани на патот од Кичево до Охрид
Next Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 26. степени

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.