Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Лагард: Проблемот со грчкиот пензиски систем е поврзан со долгот

Лагард: Проблемот со грчкиот пензиски систем е поврзан со долгот

Атина, 5. февруари 2016 (ИНПРЕС) – Реформите во пензискиот систем во Грција треба да бидат продлабочени, изјави генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, поврзувајќи ги промените во грчкиот пензиски систем со олеснувањето на надворешниот долг на земјата.

Таа истакна дека десет отсто од бруто домашниот производ на Грција се одвојува за помош на пензискиот систем, чие реформирање е неопходно, со цел да не се наталожуваат долгови и дефицити.

– Секогаш велев дека грчката спасувачка програма треба да се движи во две насоки – едната е значителни реформи, а другата олеснување на долгот. За да се случи тоа, Грција треба да ги реформира пензискиот и даночниот систем, но и да го ограничи даночното затајување. Олеснувањето на грчкиот долг треба да биде поврзано со овие реформи, нагласи Лагард. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Post navigation

Previous Хан: Косово е далеку од визна либерализација
Next Кери ќе ја заобиколи Македонија

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.