Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Белград, 1. март 2015 (ИНПРЕС) – Заменик-претседателката на Европскиот парламент, Улрике Лунацек вели дека го поддржува проширувањето на ЕУ, истакнувајќи го заморот, кој постои и меѓу населението, и меѓу владите на многу земји-членки на Унијата.
За српскиот весник „Курир“ Лунацек објасни дека стремежот на Западен Балкан во целина кон демократска, политичка, социјална и економска стабилност е главната цел на процесот на проширување.
– Без интеграција на сите земји од Западен Балкан, мировниот проект на ЕУ нема да биде целосен, додаде Лунацек. Таа ја истакна посветеноста на српската влада во процесот кон европската интеграција на земјата, како и обидите за продолжување со социо-економските и судски реформи, вклучително и борбата против корупцијата.
Таа изјави дека нормализирањето на односите со Косово и на крајот признавањето на Косово е услов за влез на Србија во ЕУ. (Крај)
извор: АФП фото: АП
