Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Македонија во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн во квалификациите за СП 2026

Македонија во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн во квалификациите за СП 2026

Македонија во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн во квалификациите за СП 2026

Скопје/Цирих, 13. декември 2024 (ИНПРЕС) – Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби ривалите за квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули 2026 година. Нашата репрезентација беше во третиот шешир, а за противници ги доби селекциите на Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн во групата Ј.

На ждрепката во Цирих присуствува селекторот Благоја Милевски и актуелниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини.

Само победниците од секоја група ќе се пласираат директно на Светското првенство. Второпласираните 12 репрезентации, заедно со четирите најдобри од Лигата на нациите, ќе играат баражи за преостанатите места.

Македонија, во квалификациите за СП 2022, успеа да заврши како второпласирана во групата зад Германија, што ѝ овозможи да игра бараж. Ја совладавме Италија, но во финалниот бараж бевме поразени од Португалија. (Крај)

извор: Макфудбал.мк фото: архива

Post navigation

Previous Новогодишен базар на учениците од ОУ „Григор Прличев“
Next Пејчиновски: Учеството на Светското Текбол првенство во Виетнам е огромен успех и обврска за во иднина

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.