Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Македонски иновативни компании на Белградскиот Инвестициски Форум

Македонски иновативни компании на Белградскиот Инвестициски Форум

1 min read

Белград, 11. ноември 2015 (ИНПРЕС) – Њу Менс Бизнис Акцелераторот ќе биде дел од најзначајниот форум за претприемништво во регионот – Белградскиот Инвестициски Форум – посветен на поддршка на инвестиции во иновативни компании и идеи, кој се случува од утре до 14ти ноември и на кој ќе учествуваат над 50-на говорници, над 70 инвеститори од Европа и Америка и над 500 стартапи и компании.

Форумот е во организација на Seven Venture Networks од Белград, а Њу Менс Бизнис Акцелераторот од Скопје се јавува во улога на партнер на настанот. Генералниот директор на акцелераторот Ирена Чаушевска во улога на модератор ќе го води и панелот “Едукација за претприемачи” чии учесници ќе бидат: Марко Чадез, Претседател на српската стопанска комора, Дане Штанглер, Заменик претседател за истражување и политика на Kauffman фондацијата, Ефка Хедер, Директор на Центарот за претприемачко учење на Југоисточна Европа, Александар Медедовиќ, Член на бордот за меѓународни економски односи на Турција и Софќе Јовановска, Советник на Извршниот борд при Стопанската комора на Македонија.

Претприемачите присутни на настанот кои ќе го посетат штандот на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот ќе имаат и уникатна можност за време на паузите непосредно и во релаксирана атмосфера да се запознаат со Дејвид Голдсмит, консултант за комерцијализација на иновации на НАСА, соосвновач на 12 стартапи, корпоративен советник, иноватор, говорник и автор на бестселерот: “Paid to THINK: A Leader’s Toolkit for Redefining Your Future”, и да поразговараат за нивните стартап предизвици.

За време на Белградскиот Инвестициски Форум ќе се одржи и полуфиналето на стартап натпреварот со кој беа опфатени 300 стартапи од регионот во рамки на програмата “Pioneers of the Balkans” кои ќе се натпреваруваат за влез во финалето и освојување на главната награда од 200.000 евра или друга понуда за инвестиција од страна на присутните инвеститори и фондови. Дел од тимот на Акцелераторот се вклучува со свои претставници како членови на жирито на натпреварот, и тоа Ирена Чаушевска и Владимир Трајковиќ, а Менаџерот на Смарт-ап центарот на акцелераторот Ивица Пениќ е ангажиран како ментор во рамки на програмата пред се за поддршка на стартапите од Македонија и Косово, кои со заеднички автобус и со поддршка на акцлераторот ќе пристигнат утре во Белград. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Post navigation

Previous Србија ги исполни акционите планови за членство во ЕУ, напредокот продолжува
Next Словенија не планира да го намали приливот на бегалци

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.