Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Македонските ракометари против Унгарија ги започнуваат настапите на СП 2025

Македонските ракометари против Унгарија ги започнуваат настапите на СП 2025

1 min read
Македонските ракометари против Унгарија ги започнуваат настапите на СП 2025

Вараждин, 15. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Македонската ракометна репрезентација со натпреварот против Унгарија вечерва ги започнува настапите на Светското првенство во ракомет 2025, што се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.

Натпреварот ќе се игра во Вараждин со почеток во 20:30 часот. Избраниците на Кирил Лазаров за денешниот натпревар ветија голема борба на теренот, а поддршка во тоа ќе имаат и од публиката, најавено е присуство на околу 1.000 до 1.500 наши навивачи, дел од нив ќе бидат и нашинци од Хрватска и околните земји. Освен Унгарија, во групната фаза црвено-жолтите ќе играат и против репрезентациите на Холандија на 17-ти јануари и дебитантот Гвинеја на 19-ти јануари.

Инаку денес на програмата на Мундијалот ќе има уште седум натпревари.

Распоред на натпревари:
18:00 Чешка – Швајцарија
18:00 Египет – Аргентина
18:00 Холандија – Гвинеја
18:00 Португалија – САД
20:30 Хрватска – Бахреин
20:30 Унгарија – Македонија
20:30 Норвешка – Бразил
20:30 Германија – Полска (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Нивото на Охридското Езеро е 11 сантиметри под просечното за јануари, денес е на кота од 693,24 м.н.в
Next И Струга се подготвува за одбележување на Богојавление Водици

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.