Охрид, 16. мај 2026 (ИНПРЕС) – Денеска ќе се се одржи Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро „За почисто езеро“, во организација на нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид.
Годинава ќе се одржи кај автокампот „Градиште“, а ќе опфати неколку плажи: Нивици, Оревче, Jungle, Градиште 1 и 2 и Заливот на коските.
Во акцијата која ќе започне во 10:00 часот ќе земат учество нуркачки клубови од Република Македонија и од регионот, обединети со една цел – зачувување на природната убавина на Охридското Езеро. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
