Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Миленкоска: Изработка на леб од кисело тесто е тренд што кај нас допрва ќе се развива

Миленкоска: Изработка на леб од кисело тесто е тренд што кај нас допрва ќе се развива

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 17. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Изработката на леб од кисело тесто е тренд што кај нас допрва ќе се развива. Оние што го пробале бараат и нарачуваат пак, вели нашата сограѓанка Весна Миленкоска, која речиси три години прави леб само од брашно, вода и сол.

Потенцира дека нејзиното хоби веќе прерасна во пасија, а се радува како дете на секој испечен леб. Додава дека тајната на добро тесто е љубовта.

– Лебот се подготвува само од брашно, вода и сол. Без квасец и адитиви, се работи за природна ферментација од дваесет и четири часа. Ова е тренд кој кај нас допрва ќе се развива, во овие скоро три години откако го работам, многу луѓе го пробале, бараат и нарачуваат пак. Здравствените придобивки се големи, лесно сварлив, нема тегоби, редовното комсумирање може да помогне во регулирање на крвниот притисок, присуството на млечни киселини и пробиотици го подобруваат имунолошкиот систем итн…Тајната на добро тесто е љубовта, сѐ што се работи во животот треба да е со љубов. Само тогаш сте на прав пат и успехот не ви бега, вели Миленкоска за Супер радио и InPress.

Лебот има посебно место на нашите трпези. Како познати „лебари“ не поминува ручек, слава или седенка без добар леб, додава Миленкоска, иако во послесно време зачести трендот кај помладите на здрава храна и избегнување на исхрана која вклучува леб.

Таа вели дека ја почитува ваквата индивидуална одлука, но во исто време апелира да се внимава што се купува.

– Не може леб „здрав“ да трае шест месеци…читајте состав!, порачува Миленкоска.

Лебовите од кисело тесто Миленкоска ги прави по нарачка, на нејзиниот инстаграм профил foodjoy_ves, каде редовно прикачува и фотографии од изработките. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Vesna Milenkoska

Post navigation

Previous Лидерите на земјите од Западен Балкан го потпишаа Договорот за признавање на професионалните квалификации на медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерки и фармацевти
Next Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.