Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 22. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и претседателот на Здружението на даватели на комунални услуги на Република Македонија – АДКОМ, Пеце Милевски вчера во Охрид потпишаа Меморандум за соработка, со што ja потврдија соработката меѓу двете институции.
– Министерството за животна средина и просторно планирање и АДКОМ се долгогодишни партнери со заеднички утврден интерес за остварување на меѓусебна соработка, изразена преку размена на стручни и апликативни мислења и практики од областа на управувањето со водите и отпадот. Потпирајќи се врз правната рамка со која се регулираат надлежностите, МЖСПП и АДКОМ го потпишаа овој Меморандум, продолжувајќи ги заложбите за унапредување на квалитетот, ефикасноста и одржливоста во испорачувањето на јавните комунални услуги во Република Македонија, соопштија од животна средина.

Меморандумот за соработка беше потпишан во рамки на дводневниот настан „Денови на комунални услуги“ што вчера и денес се одржува во Охрид, во организација на АДКОМ, со цел поблиско запознавање со работата, успесите, секојдневието, но и проблемите во работењето на јавните комунални претпријатија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
