Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Мустафа: Ќе го продолжиме дијалогот со Белград

Мустафа: Ќе го продолжиме дијалогот со Белград


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Приштина, 10. декември 2014 (ИНПРЕС) – Новиот косовски премиер Иса Мустафа изјави дека неговата влада ќе се ангажира за поголем економски развој, јакнење на правосудството, борба против криминалот и корупцијата и секаков вид на екстремизам, како и за продолжување на дијалогот со Белград.

Во интервју за радио програмата на „Гласот на Америка“, Мустафа изјави дека Владата ќе работи во согласност со договорот постигнат во Брисел.

– Ние сме заинтересирани разговорите да се развиваат и колку што е можно побрзо да се смират односите со Србија и српската заедница во Косово, рече Мустафа. Тој додаде дека создавањето на добри односи со српската заедница ќе влијае и на односите со Србија. Мустафа рече уште дека Косово ќе ги продолжи разговорите во Брисел.

Од своја страна, комесарот за проширување Јоханес Хан, во интервју за српскиот весник „Политика“ изјави дека „ЕУ очекува од Белград да го продолжи дијалогот со Приштина со цел да се нормализираат односите“. Тој додаде дека преговорите за поглавјето 35 треба да доведат до сеопфатна нормализација на односите.

– Преговорите за поглавјето 35, кое се однесува до Косово, треба да доведат до сеопфатна нормализација на односите меѓу Србија и Косово во форма на правно обврзувачки договор на крајот на преговорите за пристапување на Србија кон ЕУ, вели Хан како одговор на прашање на новинар на весникот „Политика“ – дали она што му е кажано на српскиот претседател кон крајот на ноември во Белград, е истото што Николиќ го изјави пред неколку дена – дека Србија ќе мора да избира меѓу ЕУ и Косово.

– Србија досега постигна значителен напредок и треба да продолжи со усвојување на сите спогодби без одложување на дијалогот на конструктивен начин, вели уште Хан и додава дека тоа било наведено пред новинарите по средбата со Николиќ во Белград. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Србите добија три места во владата на Косово
Next Олимпискиот комитет на Србија – МОК направи преседан со примањето на Косово

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.