Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • На посебна свеченост доделени дипломите на матурантите од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“

На посебна свеченост доделени дипломите на матурантите од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“

Охрид, 10. август 2023 (ИНПРЕС) – На посебна свеченост вечерва им беа доделени дипломите на генерацијата матуранти 2022/2023 при СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид.

Во присуство на матурантите, нивните родители, професорите и комплетниот кадар на училиштето, се одржи на летната сцена „Долни Сарај“ со почеток во 19:00 часот. Во име на Општина Охрид за постигнатитот успех им честиташе советничката Ана Крстеска.

– Бидете уверени во тоа дека упорноста и трудот секогаш се исплаќаат. Доказ за тоа претставува и примерот со новелистката кој што ја цитирав на почетокот. Таа, 12 години се обидувала да ја публикува својата прва книга „Хари Потер“, но била одбивана. Сепак после 12 години успеа во намерата и токму тоа дело беше прогласено за бестселер. Ј.К. Роулинг не е единствениот ваков пример. Тоа е така затоа што таа продолжила, а не се откажала кога работите станале тешки. Такви ги има многу. Такви луѓе постојат и во Охрид и во Македонија. Впрочем и историјата на Македонија укажува на тоа дека постоеле луѓе кои не се откажуваат, кои оделе по потешкиот пат само за направат нешто добро за Државата. Вашите способности за напорна работа, Вашата интелегенција, образованието кое ќе го стекнете, Ви даваат уникатен статус во општеството, бидејќи токму Вие сте супер силата на нашето општество. И доколку го искористите Вашиот глас да им помогнете на безгласните, Вашата сила за да им помогнете на немоќните, горди на Вас нема да бидат само родителите, туку сите оние на кои сте успеале да им помогнете. Не е потребна магија за да се направат промени во светот. Потребната енергија за промени ја носиме во нас самите, им порача советничката Крстеска.

На свеченоста свое обраќање имаше и директорот на училиштето кој им посака успех во иднина. Во рамки на свеченоста беа доделени и посебни плакети за значаен успех и придонес за афирмација на училиштето.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Недвижнини на Сашо Мијалков одат на лицитација, меѓу нив и два стана на плажата „Горица“ во Охрид
Next На охридскиот аеродром приведени две лица од Албанија со фалсификувани исправи

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот
1 min read

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.