Охрид, 12. мај 2026 (ИНПРЕС) – Набавена опрема за ЈП „Водовод“ Охрид во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“, преку Центарот за развој на југозападниот плански регион.
Претпријатието доби апарат за детекција на дефекти на водоводни цевки: геофон SebaKMT HL-7000 со комплет придружна опрема, електричен ударен чекан – Makita HM1812 со количка за чување и транспорт, како и два режачи за пилинг (подготовка за електрофузионо заварување) на полиетиленски цевки.
Опремата е во вредност од 1.163.200,20 денари. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
