Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Националната кампања за родовата еднаквност и семејното насилство во Охрид и Струга

Националната кампања за родовата еднаквност и семејното насилство во Охрид и Струга

1 min read

Охрид/Струга, 20. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Интерарт културниот центар во соработка и со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје, со настани во Охрид и Струга ја продолжува Националната турнеја на проектот „Простор за разговор“ (Dancing (Talking)Table) што има за задача да ја подигне свеста за родовата еднаквост и проблемот со семејното насилство.

Во рамки на турнејата во соработка и партнерство со Младинскиот центар од Охрид и Студиото за танц „Бах“ денеска ќе се одржат активности во Охрид во 11:00 и во Струга од 13:00 часот, во чии рамки ќе се одржат проекција на филмот „Простор за разговор“ на Рисима Рисимкин, а ќе има и дискусии на односните теми.

На двата настани свои обраќања ќе имаат психологот Теодора Алексијоска, Јован Цветковски, раководител на Младинскиот центар Охрид  и авторката на проектот, уметничката Рисима Рисимкин.

Проектот е осмислен преку уметнички активизам да се подигнува свеста за родовата (не)еднаквост и семејното насилство. Националната турнеја на проектот се остварува во партнерство со универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, „Националната мрежа против семејно насилство“ и локални партнери од десетте града во Македонија кои се занимаваат со култура и работат на темата родова еднаквост и родово базирано насилство. (Крај)

извор: civilmedia.mk фото: архива

Post navigation

Previous Охрид доби контејнери за собирање на ситен електронски отпад
Next Од утре започнува бесплатната и комерцијална вакцинација против сезонски грип

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.