Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Објавен конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ за 2026 година

Објавен конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ за 2026 година

1 min read
Објавен конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ за 2026 година

Струга од дрон река Црн Дрим

Струга, 10. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО го распишаа конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ за 2026, за најдобра дебитантска книга од млад автор.

Конкурсот ќе трае до 5-ти март, а право на учество имаат дебитантски книги на млади поети до 35 години возраст во моментот на објавување на дебитантската збирка.

– Кандидатите треба да испратат три копии од книгата со која конкурираат, најмалку седум песни од истата книга преведени на англиски јазик и кратка биографија на англиски јазик на поштенската адреса на Струшки вечери на поезијата (поштенски фах 111, 6330 Струга, Република Северна Македонија) или преку националните комисии за УНЕСКО на државите членки. Апликацијата треба да се поднесе и во електронска верзија на адресата на СВП: struga@svp.org.mk (заради дополнителна сигурност, потребните документи треба да се пратат и на spefestival@gmail.com) Исто така, кандидатите треба да го испратат ISBN бројот заедно со потребните материјали, стои во конкурсот.

Лауреатот ќе биде објавен на Светскиот ден на поезијата, 21-ви март.

Наградата вклучува статуетка, паричен износ и објавување на книга на поетот лауреат во превод на македонски јазик. Добитникот ќе биде поканет да учествува на годинашното издание на „Струшките вечери на поезијата“ што ќе се одржи од  24-ти до 29-ти јуни, кога ќе му биде врачена наградата на манифестацијата „Мостови“.

Наградата „Мостови на Струга“ беше востановена во 2003 година, како дел од опсежната соработка со УНЕСКО, а по повод прославата на Светскиот ден на поезијата – 21. Март, со цел да се стимулира, промовира и афирмира поетското творештво како еден од најзначајните креативни изрази на човештвото.  Секоја година СВП и УНЕСКО заеднички го чествуваат овој ден, при што официјално се соопштуваат и промовираат добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“.

Досегашни добитници на наградата „Мостови на Струга“ се: Ангело В. Суарез (Филипини) 2004, Андреа Коте (Колумбија ) 2005, Маријана Гејде (Руска Федерација) 2006, Мануа Риме (Белгија) 2007, Антонија Новаковиќ (Хрватска) 2008, Усман Сарус (Сенегал) 2009, Сим Кера (Естонија) 2010, Хироши Таниучи (Јапонија) 2011, Франсоа-Ксавиер Мегр (Франција) 2012, Николина Андова Шопова (Македонија) 2013, Хари Ман (Велика Британија) 2014, Паула Бозалонго (Шпанија) 2015, Руна Светликова (Белгија) 2016, Горан Чолакхоџиќ (Хрватска) 2017, Паули Тапио (Финска) 2018, Моника Херцег (Хрватска) 2019, Мартина Стракова (Словачка) 2020,  Владан Кречковиќ (Србија) 2021, Џерардо Мазучо (Италија) 2022, Гевин Бредли (Ирска) 2023, Катрин Пиц (Германија) 2024, Матеуш Шимчик (Полска) 2025. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous На 14 февруари започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
Next Неплатени сметки го оставија без струја студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Слични вести

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници
1 min read

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво
1 min read

Еколошката свест и грижата за животната средина и понатаму ни се на ниско ниво

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.