Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од Билтенот на СВР Охрид: Холандски државјанин пронајден починат во Трпејца, физички нападнат охриѓанец, бесправно градење…

Од Билтенот на СВР Охрид: Холандски државјанин пронајден починат во Трпејца, физички нападнат охриѓанец, бесправно градење…

1 min read

Охрид, 14. септември 2023 (ИНПРЕС) – Денешниот Билтен на СВР Охрид донесува информации за повеќе настани случени на територијата која ја покрива Секторот.

На 13-ти септември 2023 година, во 05:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека во куќа во охридското село Трпејца, во која престојувал, бил пронајдено починато 58-годишно лице од Холандија. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител и согласност на член на неговото семејство, телото било предадено на погребално претпријатие.

На 14-ти септември 2023 година, во 01:00 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 32-годишен охриѓанец, кој претходно, на булеварот „Македонски просветители“ физички нападнал 45-годишно лице од Охрид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13-ти септември 2023 година, во 21:00 часот, на булеварот „АСНОМ“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 20-годишно лице од Ресен. При преглед а подоцна и при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, беа пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Тој беше задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „неизвршување судска одлука“. Тој, на 30-ти август 2023 година, околу 18:30 часот, во семејната куќа, физички ја нападнал неговата сопруга, со што постапил спротивно на решението од Основниот суд во Охрид за изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38-годишно лице од Скопје. Тој, на катарстарска парцела во охридското село Љубаништа, без да поседува соодветна документација за градба издадена од надлежен државен орган, извршил изградба на објект од метална конструкција. При извршен вонреден инспекциски надзор, овластен градежен инспектор при општина Охрид, констатирал дека пријавениот градежните зафати ги извршил без потребна документација во согласност со законот за градба.

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Светски ден на Прва помош: „Прва помош достапна за сите! Прва помош во дигиталниот свет“
Next 58-годишно лице од Холандија пронајдено починато во куќа во која престојувало во Трпејца

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот
1 min read

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.