Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Хаг, 13. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Хашкиот трибунал го одби барањето на обвинителството за враќање во притвор на обвинетиот Воислав Шешељ, кој се наоѓа на „привремена слобода“.
Во одлуката, која е објавена денес, се додава дека телото на трубуналот кое е засолжено за овој случај, се прогласува за „ненадлежно“ за барањето на Шешељ да се казни главниот обвинител Брамерц поради „недозволено однесување“.
Во дописот се наведува дека обвинителството не поднесло жалба на одлуката за ослободување на Шешељ, а сега бара преиспитување на оваа одлука, што е возможно само врз основа на новите факти.
Воислав Шешељ, со одлука на судот во Хаг, на 12-ти ноември беше „привремено ослободен“ поради неговата лоша здравствена состојба и за да може да се лечи во Белград. (Крај)
извор: Б92 фото: архива
