Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Одложено судењето против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавка на луксузен автомобил

Одложено судењето против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавка на луксузен автомобил

1 min read
Одложено судењето против Рамиз Мерко за набавка на луксузен автомобил

Струга, 26. април 2024 (ИНПРЕС) – Во Основниот суд во Струга денеска почна судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „Ауди А6“, вреден 67 илјади евра. По барање на одбраната за целосен увид во списите, судијката Надица Митреска ја одложи главната расправа за 3-ти јуни годинава.

На денешното рочиште не присуствуваше ниту обвинетиот, ниту неговиот полномошник, адвокатот Игор Петкоски.

Списите со предметот, како што појасни судијката во дигитален препис ќе му бидат предадени на адвокатот на обвинетиот на УСБ стик, на кој има 27 фајлови во ПДФ формат.

Адвокатот на Мерко, Игор Петкоски, за медиумите посочи дека со обвинителниот предлог до неговиот клиент не биле доставени доказите наведени во листата на докази од Обвинителството, што е законска и уставна обврска кога некој се гони. Тој појасни дека поради обемноста, материјалот требало да му биде предаден на УСБ стик, но поради технички причини, Судот не можел да им ги пренесе материјалите пред терминот за судење, за да ги разгледаат доказите и да состават листа на докази на одбраната.

– Од тие причини побаравме одлагање, бидејќи немавме докази, а воедно судијата уште на 18 април беше известен дека јас од претходно сум поканет во судница во Битола како бранител на друг клиент за постар предмет од овој. Целта не ни е да го одлагаме процесот, туку целта ни е кога ќе ги погледнеме доказите во обвинението да спротивставиме докази на одбраната со кој ќе ги оспориме тие докази и ќе ја докажеме тезата дека никаква одговорност не постои кај градоначалникот по оваа работа, рече тој.

Јавниот обвинител во Основно јавно обвинителство Струга Никола Јолески појасни дека се работи за обвинителен предлог поднесен од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот суд во Скопје. Поради процесни причини, појасни, обвинението е отстапено во надлежност пред Основниот суд во Струга.

– Обвинителниот акт е злоупотреба на службена положба по член 353 став 4 во врска со став 1. Ние ќе ја докажуваме нашата теорија на случај, одбраната нивната, така што на крај Судот е тој којшто ќе одлучи што навистина се случило. Ние сметаме дека има дело, ќе го поддржиме обвинителниот предлог поднесен од ОЈО ГОКК Скопје, изјави Јолески.

Со последните измени на Кривичниот законик за злоупотребата на службената положба и овластувања – членот 353, се предвидува казна затвор од една до четири години. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

Post navigation

Previous НП Галичица домаќин на работилница за Плановите за управување со Националните паркови
Next Велики Понеделник: Првиот ден од Страстната седмица

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот
1 min read

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.