Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридски крводарители и понатаму бараат поголеми капацитети и подобри услови при дарување на скапоцената течност

Охридски крводарители и понатаму бараат поголеми капацитети и подобри услови при дарување на скапоцената течност

Охридски крводарители и понатаму бараат поголеми капацитети и подобри услови при дарување на скапоцената течност

Охрид, 12. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Охридски крводарители се жалат и бараат поголеми капацитети и подобри услови при дарување на скапоцената течност во Одделението за трансфузиологија во Охрид.

Ова го повторија и при денешната самоиницијативна  акција на Супер радио и „Охриде не бери гајле“. На оваа тема веќе пишувавме, но според реакциите состојбата е непроменета.

Охридскиот водител Жанко ЗШ Голабоски е еден од оние кои редовно даруваат крв, што самоиницијативно, што како дел од поголеми акции. Тоа го направи и денес, заедно со десетина крводарители.

Едногласни се дека од докторите и медицинскиот персонал се и повеќе од задоводлни, но од условите не. Бараат достојни услови за ваквиот хуман чекор што го прават, да не се чека долго време за давање крв и споредуваат со состојбата во другите градови каде опременоста и условите биле многу подобри.

– Пред неколку години крв дарувавме во супстандардни услови со искршени плочки и мувла, а креветите се посебна приказна. Сега е обезбедена друга просторија, но мал е бројот на т.н ваги. Кога ќе се упати поголема група луѓе заинтересирани за дарување крв или кога се прават акции се создава гужва, се чека многу, потенцира Голабоски.

Крводарителите апелираат до надлежните да се преземат итни мерки за подобрување на ваквата состојба, да се набават ваги и соодветен инвентар за достојно спороведување на идните акции. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/архива

Post navigation

Previous Супер радио и водителот Жанко ЗШ Голабоски повторно во хумана мисија (Фото)
Next Бројот на опслужени патници и летови на двата аеродроми во јануари ги надмина бројките од 2025 година

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.