Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридскиот затворен базен останува едно од омилените предизборни ветувања на политичарите

Охридскиот затворен базен останува едно од омилените предизборни ветувања на политичарите

Скопје/Охрид, 14. септември 2023 (ИНПРЕС) – Изградбата, а особено одржувањето на базени, посебно со големина на оној кој полека се гради во Охрид е исклучително „скап спорт“.

Тоа го знаат сите кои го имаат овој „луксуз“ дома, но кога станува збор за државни проекти, во време кога се има пари за многу работи, никако да најдеме време, пари и желба да го завршиме затворениот базен во Охрид, градот на вода, кој се’ уште нема ваков објект.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, стружанецот Наумче Мојсовски вчера најави дека се градат 14 училишни базени на целата територија на државата. Тоа е секако за поздравување, но каде е тука Охрид. Во соседна Струга веќе е комплетно реновиран објектот кој скоро 20 години беше вистинска руина со купишта смет.

Затворениот базен во Охрид започна да се гради во 2015 година, од страна на фирмата „Бауер БГ“ од Скопје. Првичниот договор предвидуваше овој спортски објект да биде завршен најдоцна до април 2018 година. Но, од тоа ништо. Потоа како следни крајни рокови беа зададени 2020, односно 2021 година…

Затворениот базен во Охрид е проект оставен како ветување за охриѓани веќе неколку децении наназад. Според најавите затворениот пливачки базен ќе биде енергетски ефикасен објект и ќе користи биотермални пумпи што ќе го направат неговото користење во зима далеку поевтино. Покрај двата базени ќе има трибини со капацитет од 500 седишта и посебен простор за новинари и вип ложа, како и помошни простории со спа и велнес центар.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охрид најубав: 14. септември 2023 година
Next Лето 2023 во клуб Rebel: Сабота, 16. септември, House & Tech House night со Dj Una Nikolic

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.