Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Пејчиновски: Учеството на Светското Текбол првенство во Виетнам е огромен успех и обврска за во иднина

Пејчиновски: Учеството на Светското Текбол првенство во Виетнам е огромен успех и обврска за во иднина

1 min read
Пејчиновски: Учеството на Светското Текбол првенство во Виетнам е огромен успех и обврска за во иднина

Охрид, 13. декември 2024 (ИНПРЕС) – Иако Светското првенство во Виетнам не помина како што се надевав и очекував, сепак самиот настап е огромен успех и обврска за во иднина, вели охриѓанецот Димитар Пејчиновски, кој заедно со Коста Трифуноски како репрезентативци ја претставуваа Република Македонија на Светското првенство во Текбол.

– После неколку месеци тренинзи и подготовки разочаран сум што го завршив настапот во групна фаза во поединечна конкуренција. Бев во група со светскиот шампион од Романија Апор и со бразилецот Фераз кои се топ 5 играчи, поминувањето ќе значеше и борба за медал, вели Пејчиновски за Супер радио и InPress.

Што се однесува до натпреварувањето во парови, потенцира дека поради лоши временски услови изостанала групната фаза, па после само еден меч во нокаут систем со Трифуноски го завршиле натпреварувањето.

– Сакам да го пофалам мојот соиграч Коста Трифуноски кој за кратко време колку го тренира овој спорт успеа да се подготви и достојно да учествува на ова светско првенство, додава Пејчиноски.

Од негово и од име на Трифуноски, тој упати голема благодарност до градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, без чија поддршка, како што рече, не ќе беше возможно нивното учество на ова престижно натпреварување. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Димитар Пејчиновски

Post navigation

Previous Македонија во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн во квалификациите за СП 2026
Next Теквондистката Миа Танеска освои злато на „King of Taekwon-Do“ во Грција

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.