Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „Порасна“ нивото на Охридското Езеро, денес е на еден сантиметар над минимално дозволената кота

„Порасна“ нивото на Охридското Езеро, денес е на еден сантиметар над минимално дозволената кота

1 min read
„Порасна“ нивото на Охридското Езеро, денес е на еден сантиметар над минимално дозволената кота

Охрид, 3. декември 2024 (ИНПРЕС) – Врнежите од дожд што ги имаше изминатите денови малку, но сепак позитивно се одразија на хидролошката состојба на Охридското Езеро.

За четири дена нивото порасна за 4 сантиметри. Сепак состојбата и понатаму е алармантна со оглед на тоа што водостојот е многу блиску до минимално дозволениот, а многу далеку од просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,11 м.н.в, што е пак за 21 сантиметар под просечното ниво за овој месец (693,32 м.н.в) и само еден сантиметар над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 9,5 степени и е минимално повисока од просечната.

Со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, на OhridPress започнавме со рубриката „До кај сме“ каде секој ден ќе објавуваме по една фотографија од истата локација од процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров.

Во Охрид денес сончево и тивко време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 8 степени.

– Следува период на променливо облачно и претежно тивко време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Од среда кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Викендов повторно отворање на катедралата Нотр Дам – церемонијата ќе ја обезбедуваат 6.000 полицајци
Next Проф. д-р Павле Митрески е добитник на највисокото општинско признание наградата „Патрон на градот-Св. Климент Охридски“ за 2024 година

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот
1 min read

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.