Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Почнуваат 25. Зимските олимписки игри, Македонија со четворица натпреварувачи

Почнуваат 25. Зимските олимписки игри, Македонија со четворица натпреварувачи

1 min read
Почнуваат 25. Зимските олимписки игри, Македонија со четворица натпреварувачи

Милано, 6. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Започнуваат 25. Зимските олимписки игри, а Република Македонија учествува со четворица натпреварувачи.

Церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Милано Кортина ќе се одржи на Олимпискиот стадион „Сан Сиро“ во Милано од 20:00 часот, со истовремени церемонии и паради на спортисти што ќе се одржат низ северна Италија на олимписките објекти во Предацо, Ливињо и Кортина д’Ампецо.

Знаменосци на овие Олимписки игри ќе бидат Јана Атанасовска во Кортина и Ставре Јада во Предацо.

За време на церемонијата се планирани и специјални музички настапи на американската пејачка Мараја Кери, како и на италијанските уметници Лаура Паузини и Андреа Бочели.

Македонскиот олимписки тим кој ќе настапи во Италија е составен од врвни спортисти кои се најдобри во своите дисциплини: Јана Атанасовска, нашата најмлада натпреварувачка и рекордерка во алпско скијање, ќе се натпреварува во слалом и велеслалом; Виктор Петков ќе настапи во алпските дисциплини велеслалом и слалом; Ставре Јада, како најискусен член на својата трета Олимпијада, ќе се бори во нордиските трки спринт и 10 км интервал старт; додека Ана Цветановска, по својот настап во Пекинг, ќе ја претставува Македонија исто така во нордиските дисциплини спринт и 10 км интервал старт.

Олимписките игри Милано Кортина 2026 ќе бидат првите во историјата што официјално ќе се организираат во два града. Ова ќе бидат трети Зимски олимписки игри и вкупно четврти Олимписки игри одржани во Италија, а Кортина д’Ампецо веќе беше домаќин на Зимските олимписки игри во 1956 година.

ЗОИ 2026 ќе опфатат вкупно 116 натпревари во 16 спортски дисциплини, што претставува зголемување од седум натпревари и една дисциплина во однос на Игрите во Пекинг 2022.

Меѓу новите дисциплини ќе бидат машки и женски двојни могули во слободно скијање, враќањето на машките и женските двојки во санкање, што ќе го заменат досегашното отворено натпреварување, потоа машки и женски екипни алпски комбинирани настапи, поединечно натпреварување за жени на големата скокалница во ски-скокови, како и мешана штафета во скелетон. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ООУ „Григор Прличев“ утре ќе го одбележи патрониот празник
Next Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.