Охрид, 28. мај 2026 (ИНПРЕС) – Утре започнува првиот детски фудбалски турнир „Св.Троица 2026“ во организација на ФК Св.Троица 2021, а ќе трае до недела.
Натпреварите се поделени во неколку генерации: 2013/2014 (7+1), 2015/2016 (6+1) и 2017/2018 (4+1). Се играат две полувремиња по 15 минути. Доколку две екипи имаат ист број бодови, предност има екипата со подобар меѓусебен резултат, потоа гол-разлика и постигнати голови. Ако три или повеќе екипи се изедначени по бодови, пласманот се одредува според мини табела од меѓусебните натпревари.
Финалните, како и натпреварите за трето место по генерации ќе се одиграат во недела.
Натпреварите ќе се играат на стадион „Св. Троица” (Касарна), а комплетниот распоред е достапен ТУКА. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
