Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 4. април 2016 (ИНПРЕС) – Првиот брод со илегални мигранти, кои согласно договорот меѓу Брисел и Анкара за надминување на бегалската криза, Грција треба да ги врати во Турција, утрово отпатува од грчкиот остров Лезбос кон турскиот брег.
Претходно, стотици илегалани мигранти со автобуси беа пренесени од бегалските кампови до пристаништата во Лезбос, как и во Хиос, од каде исто така треба да отпатува брод со група мигранти кон Турција.
Како што јавија грчките медиуми, во пристаништето во Лезбос се вкотвени два турски брода, а во Хиос еден, кои чекаат да почне качувањето на мигрантите, кои се придружувани од полицајци на Агенцијата за контрола на надворешните граници на ЕУ (Фронтекс). (Крај)
извор: МРТВ фото: архива
