Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 15. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Преговорите меѓу Грција и претставници на Европската унија и ММФ завршија во Брисел без договор, а според ЕК, и понатаму постојат „значителни разлики“ во ставовите на двете страни.
– Иако е направен одреден напредок, преговорите не успеаја. И понатаму постојат големи разлики меѓу плановите на грчките власти и заедничките ставови на Комисијата, ЕЦБ и ММФ, изјави извор од ЕК.
Официјалните претставници од ЕК сметаат дека Атина е виновна за неуспехот наведувајќи дека не понудиле ништо за да се обезбедат 1,6 милијарди евра за исплата на ММФ до крајот на месецот.
Во Атина, неименуван официјален претставник на грчката Влада изјави дека државата никогаш нема да прифати намалување на пензиите и платите или воведување дополнителни даноци. Грција истакнува дека и понатаму е подготвена да преговара додека ЕУ и ММФ порачуваат дека немаат дозвола за понатамошни преговори.
Tие преговори беа последна шанса да се постигне договор и да се овозможи Грција да врати долгови и спречи излегување на државата од еврозоната, со што би се предизвикал хаос во Европа, наведуваат западните медиуми. (Крај)
извор: МИА фото: архива
