Охрид, 16. април 2026 (ИНПРЕС) – Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето во дел од центарот на Охрид.
– Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Мите Богоески“, „Славеј Планина“ , „Кеј Македонија“„Серафим Китаноски“, „Кузман Јосифоски Питу“, дел од „Јане Сандански“ , дел од булевар „Туристичка“ и долната зона од стариот дел на градот, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Нивни екипи се на терен до целосно завршување на санацијата. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
