Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет утревечер повторно пред охриѓани

Претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет утревечер повторно пред охриѓани

1 min read
Претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет утревечер повторно пред охриѓани

Охрид, 6. ноември 2023 (ИНПРЕС) – По премиерата која се одржа на 27-ми октомври, Охридскиот народен театар, утревечер повторно ќе ја изведе претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет, во режија на Сашо Миленковски.

Станува збор за драмски текст кој имаше извонредно силно влијание врз уметноста од втората половина на XX век, давајќи совршен драмски израз на чувството на апсурдност во современиот свет. Основата на драмата е чекањето, очекувањето. Двата главни ликови кои изгледаат како бездомници, Владимир и Естрагон, го чекаат оној што е именуван како Годо. Во таа состојба на чекање сè се сведува на пополнување на времето. Иако, всушност, ништо не се случува, тоа недејство е исполнето со придушена нелагодност и неодредена закана, закана од непознатото, од кое ликовите стравуваат, но едновремено и посакуваат да се случи. Чекањето подразбира пасивност. Но таа пасивност е многу сложена и на физичко и на психолошко ниво. Како и егзистенцијалистичкиот очај кој е некогаш притаен, некогаш отворен, и психолошкото измачување насочено кон другиот лик е некогаш притаено, некогаш отворено, а често добива и форма на рамнодушност. Чекајќи го Годо останува една од најмагичните и најдобри алегории за нашето време.

Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Филип Кипровски и Ангел Ристоски.

Претставата ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот. Цената на влезниот билет е 200 денари (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Детската градинка „Јасна Ристеска“ од Охрид ќе одбележи јубилеј 60 години постоење
Next Распишан Конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2023 година

Слични вести

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват
1 min read

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.