Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „Приказната за Силјан“ вечерва премиерно во Охрид

„Приказната за Силјан“ вечерва премиерно во Охрид

1 min read
„Приказната за Силјан“ вечерва премиерно во Охрид

Охрид, 11. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Приказната за Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска.

„Приказната за Силјан“ кој се вброи меѓу најзначајните документарни остварувања минатата година е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи.

Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Николa, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата.

Документарецот освои две награди на „IDA Documentary Awards“ – за најдобар документарен филм и за најдобра камера, имаше премиери на најголемите светски филмски фестивали, како оние во Венеција и Торонто, и бројни проекции во САД, Канада. Откупот од „National Geographic Documentary Films“ дополнително ја засили глобалната видливост на филмот. Иако „Приказната за Силјан“ не успеа да се најде меѓу најдобрите 15 документарни филмови според гласачите на Академијата, филмот се сметаше за сериозен кандидат за Оскар според предвидувањата на критичарите и експертите.

Охридската премиера е со почеток во 20:00 часот. Карти по цена од 200 денари во продажба на билетарата на центарот, од 10:00 до 17:00 часот и од 13:00 до 20:00 часот на денот на проекцијата на филмот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Пецаков: Охрид бара лидерство и конкретни дела, остануваме целосно посветени на спроведување на препораките на УНЕСКО
Next Во петок панел дискусија за дивите депонии во Охрид

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.