Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Продолжува празничната програма „Охридска новогодишна приказна“

Продолжува празничната програма „Охридска новогодишна приказна“

1 min read
Продолжува празничната програма „Охридска новогодишна приказна“

Охрид, 26. декември 2024 (ИНПРЕС) – Продолжуваат забавните настани во рамки на празничната програма „Охридска новогодишна приказна“.

Од 12:30 часот на градскиот плоштад ќе биде изведена претставата „Дедо Мраз е на пат“. Низ креативна игра, интересни згоди и незгоди, актерите Владо Дојчиноски, Пируника Киселички, Дубравка Киселички и Давид Илиќ ќе им пренесат на дечињата поучна новогодишна порака.Од 18:00 часот концерт ќе одржи групата Human при Клубот на млади на Црвен крст Охрид. Овој бенд е резултат на трудот и посветеноста на талентираните волонтери: Иво Георгиески, Теона Талевска, Мартин Мацкоски и Исидора Митреска. Од 19:00 часот во хотелот „Инекс“ традиционален новогодишен концерт ќе одржат учениците од ОМУ „Методи Патчев“- Вечер на валцер и танго. Денешниот дел од програмата ќе биде заокружен со танцовиот фестивал „Охрид танцуваТ“ што ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20:00 часот.

Програмата „Охридска новогодишна приказна“ започна ан 24-ти и ќе трае до 31-ви декември и опфаќа 20 забавни настани, меѓу кои бројни театарски претстави, концерти, танцов фестивал и новогодишни базари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Ја нема веќе традицијата за прослава на Свети Спиридон – заштитникот на кондураџиите
Next Премиера на претставата „Инспекторот“ на драмскиот клуб при ОСУ „Св Климент Охридски“

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.