Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 21. март 2023 (ИНПРЕС) – Утре на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) ќе се одржи работилница „Како се прави домашен леб?“, заедно со професионалниот изработувач на различни видови тесто, Весна Миленкоска.
Работилницата е наменета за студентите на факултетот и е со почеток во 09:00 часот. Студентите ќе имаат можност да научат како се прави леб од кисело тесто, интегрален безглутенски, протеински леб за спортисти, нутритивно збогатен.


Инаку, Миленкоска е дел од конвивиумот Slow Food Охрид и тоа благодарение на нејзината пазија, изработка на леб од кисело тесто. Во интервју за Супер радио и InPress таа говореше за специфичната изработка на леб од кисело тесто, идејата за мисијата #зготвииподари, за поддршката што ја добива од граѓаните и колку тоа е тешко или лесно. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
