Охрид, 21. мај 2026 (ИНПРЕС) – Трката во планинско трчање Ohrid Ultra Trail годинава ќе донесе рекорден број учесници, 920 тркачи од 40 држави од целиот свет.
Тркачкиот викенд ќе се одржи на 22 и 23 мај во Охрид и Националниот парк Галичица, со шест различни трки што опфаќаат неколку категории во планинско трчање.
Интересот за настанот и оваа година бележи значителен раст, потврдувајќи го Ohrid Ultra Trail како еден од најзначајните настани во планинско трчање во регионот. Тркачите ќе настапат на патеките низ Националниот парк Галичица и крајбрежјето на Охридското Езеро, кои нудат уникатна комбинација од планински терен, технички предизвици и автентична природна убавина.
Меѓу пријавените има и рекреативци кои ќе ги направат своите први чекори, но и искусни натпреварувачи со меѓународно искуство и високи ITRA рангирања.
– Горди сме што Ohrid Ultra Trail продолжува да расте и да привлекува учесници од целиот свет. Довербата што ја добиваме од тркачката заедница е огромна мотивација за целиот организациски тим“, велат организаторите.
Утре во спортскиот комплекс „Климент Колески“ во Охрид ќе се одржи официјалното Expo отворање на Ohrid Ultra-Trail 2026, кое ќе претставува централна точка за собирање на тркачите, партнерите, волонтерите и посетителите пред стартот на трките.
Во програмата на Ohrid Ultra Trail 2026 се вклучени:
Ohrid Ultra Trail 105K – 105 километри / 4.850 м D+
Старт: 22 мај 2026 во 23:00 часот од плоштад Охрид
Пријавени учесници: 78 тркачи
Галичица Ултра 65K – 65 километри / 3.350 м D+
Старт: 23 мај 2026 во 07:00 часот од Св. Наум
Пријавени учесници: 110 тркачи
Самотска Треил 42K- 42 километри / 1.950 м D+
Старт: 23 мај 2026 во 08:30 часот од Св. Наум
Пријавени учесници: 220 тркачи
Летница Треил 21K – 21 километар / 1.100 м D+
Старт: 23 мај 2026 во 10:30 часот од Велгошти
Пријавени учесници: 290 тркачи
Рамне Треил 10K — 10 километри / 350 м D+
Старт: 23 мај 2026 во 11:30 часот од Велгошти
Пријавени учесници: 200 тркачи
GTOF Trail – Juniors 10K — трка за млади учесници од 13 до 18 години. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
