Женева, 10. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Американскиот државен секретар Џон Кери порача дека на жртвите од Сребреница и сите воени жртви треба да се сеќаваме секојдневно.
Кери по повод 20 години од масакрот во Сребреница, изјави дека тоа е несовесно злосторство против човештвото и силен потсетник на потребата светот да се спротивстави на секоја форма на зло, како и да стане во одбрана на човековите права и достоинство.
– Тие што извршиле злосторство мора да бидат изнесени пред лицето на правдата. А ние мораме да се сетиме на жртвите од Сребреница и сите воени жртви, не само денеска, туку секојдневно, соопшти Кери.
Според Кери цел на САД е да го поддржи напредокот кон стабилна и просперитетна БиХ во регионот каде граѓаните може да живеат во мир со своите соседи и ги почитуваат нивните права. (Крај)
извор: VOA фото: архива
