Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Самарас го отфрли барањето за предвремени избори

Самарас го отфрли барањето за предвремени избори


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Атина, 4. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Грчкиот премиер Андонис Самарас ги отфрли повиците на лидерот на Сириза, Алексис Ципрас за предвремени избори, обвинувајќи го шефот на опозицијата дека прави „обид да ја дестабилизира земјата“.

Според Самарас, станува збор за обид да се дестабилизира земјата во момент во кој се гледаат првите знаци на закрепнување. Во исто време премиерот изрази верување дека парламентот ќе избере претседател веќе на почетокот на следната година.

– Ципрас повторно сака предвремени избори, токму она што грчкиот народ не го сака и она од што стравува меѓународниот фактор, рече Самарас по состанокот со претседателот Каролос Папуљас, кој претходно разговараше и со Ципрас.

– Повторувам дека нема да има предвремени избори, рече Самарас, додавајќи дека е „длабоко убеден“ дека пратениците ќе изберат претседател по истекот на мандатот на Папуљас во март. „Стигнавме далеку, премногу далеку за да се враќаме назад“, истакна грчкиот премиер.

По изјавата на Самарас, Сириза излезе со критики и обвинувања дека тој „не сака да се постигне консензус“. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Меѓународна конференција на Здружението за односи со јавност на Србија „Комуникација на (с)цена“
Next Рама: Посетата на Србија е нов почеток за целиот Балкан

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.