Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 25. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Двете најголеми грчки опозициски партии Нова демократија и ПАСОК ја обвинија новата влада на Алексис Ципрас дека ја враќа земјата наназад.
– На крајот СИРИЗА го направи она за што нас не одбиваа, рече првиот човек на Нова демократија и поранешен премиер Андонис Самарас по повод одобрување на четиримесечното продолжување на договорот за финансирање од страна на министрите за финансии од еврозоната. Според Самарас голем дел од предлозите на новиот кабинет во Атина се исти како оние кои биле изготвени од неговата администрација и поранешниот министер за финансии Гикас Хардувелис, а кои биле испратени по мејл.
– Електронската пошта на Варуфакис, сегашниот министер за финансии е практично мостот кон нов меморандум, а кабинетот на Самарас беше на пат да излезе од него и да се движи кон превентивна кредитна линија, која требаше да ни овозможи да донесуваме заеми од пазарите, пишува во отвореното писмо Самарас.
Лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос, исто така, остро го критикуваше однесувањето на Владата на Ципрас. Според него, Ципрас тоне во стариот меморандум и се подготвува за нов трети меморандум во месец јули. (Крај)
извор: АФП фото: АП
