Охрид, 11. мај 2026 (ИНПРЕС) – Одлични резултати постигнаа ученици од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на Државниот натпревар за средни електротехнички, машински и сообраќајни училишта што се одржа во Кавадарци.
На овој настан што ги обединува знаењето, талентот и иднината на стручното образование учествуваа средношколци од неколку образовни профили.

Профил Електроника и телекомуникации
– Димитар Шерементоски – прво место
Техничар за индустриска мехатроника
– Ангелина Симиџиоска – второ место
Електротехничар енергетичар
– Христијан Белески – пофалница
Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
– Ксенија Димоска – пофалница
Техничар за патен сообраќај
– Христина Василевска – трето место
Машински техничар
– Ангела Божиноска – трето место
Техничар за производно машинство
– Бојана Илиеска – второ место
Машински техничар за моторни возила
– Стефан Димитриески – пофалница
Техничар за компјутерско управување
– Сара Божиноска – пофалница
Со свои трудови учествуваа и учениците од струката КТИА и освоија пофалници.
„АИ базирана верзија на паметна соба“
-Јана Кузманоска, Марко Попоски и Александар Стојаноски
„Транспортен систем за автоматско препознавање и сортирање на предмети според боја“
-Андреа Савиќ, Славчо Мургоски и Кети Јоноска. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
