Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Српските туристи заинтересирани велигденските и првомајските праници да ги поминат во Македонија

Српските туристи заинтересирани велигденските и првомајските праници да ги поминат во Македонија

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Белград, 11. април 2023 (ИНПРЕС) – Српските туристи се многу заинтересирани за патување во странство за време на претстојните велигденски и првомајски празници, а според директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија ЈУТА, Александар Сеничиќ, овој интерес е уште поголем отколку во годините пред Ковид, при што срспките граѓани повеќето планираат да патуваат во европските земји, но и во Охрид и Скопје, јави дописникот на МИА од Белград.

– Најголем интерес во европските градови е пред се за најевтините патувања со автобус. Тука имаме различни патувања од две до пет до шест ноќевања во зависност од дестинацијата, а најинтересни градови се Истанбул, Солун, Софија, Темишвар, Прага, Виена, но и градовите од северна Италија како и оние од нашата непосредна околина, изјави Сеничиќ за Танјуг.

Тој додаде дека во соседството на Србија, за туристите од Србија најинтересни се градовите во Македонија, Охрид и Скопје, кои ги посетуваат или во комбинирани тури или самиот Охрид, како и Црна Гора.

Според него, постои голем интерес и за градски тури во Босна и Херцеговина, Требиње, Сараево, Бања Лука, Мостар.

-Повеќето луѓе ќе бидат на вакви патувања со оглед на ниските цени кои се движат од 30 до 39 евра и до 200 евра, во зависност од дестинацијата и должината на престојот, рече Сеничиќ. (Крај)

извор: МИА фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Поддршка од министерот Бочварски за иницијативата на Герасимовски за конфискација на дивоградбите
Next Се очекува одлука од Владата за корекција на замрзнатите цени кај зеленчукот и овошјето

Слични вести

Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта
1 min read

Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта

Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“ Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.