Белград, 25. септември 2015 (ИНПРЕС) – Кризата настаната со взаемното затворање на границата меѓу Србија и Хрватска ќе биде решена до понеделник, велат дипломатски избори, пренесува Б92.
Според сознанијата на белградскиот весник, доколку до понеделник ситуацијата потполно не се нормализира, најдоцниот рок за враќање на состојбата пред кризата е 7-8 октомви, кога ќе биде одржана вонредна седница на Самитот на Западен Балкан во Луксембург, по повод бегалската криза и нестабилните односи во регионот.
– И Србија и Хрватска ќе ги отворат границите, бидејќи Европската унија на тоа ќе инсистира и ќе изврши притисок. Не е реално проблемот со затворање на границите, настанат среде бегалската криза да се реши во Србија, бидејќи тоа е недозволиво, тврдат извори на „Данас“ од дипломатските кругови и додаваат дека европските функционери работат на организирање средба или повторно стапување во контакт на двајцата премиери, Александар Вучиќ и Зоран Милановиќ.
Според овие сознанија, за решавање на кризата ќе биде неопходно Србија, сепак, одреден број бегалци да пренасочи кон границата со Унгарија, на граничниот премин Хоргош 2, кој е отворен. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива
