Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Сѐ е подготвено за јубилејниот „Охрид Фест“, утре и задутре на Долни Сарај

Сѐ е подготвено за јубилејниот „Охрид Фест“, утре и задутре на Долни Сарај

1 min read

Охрид, 31. август 2023 (ИНПРЕС) – Сѐ е подготвено за јубилејниот, 30 „Охрид Фест“, што утре и задутре ќе се одржува на летната сцена Долни Сарај.

Еден ден пред официјалниот старт сцената е во полн блесок, водителите Ирена Спировска (фолк вечер), Маријана Станојковска, Васил Зафирчев и Ване Марковски (бекстејџ) ги повторуваат ударните реплики, организаторите ветуваат две фантастични вечери полни со добра музика, а фактот дека влезот слободен, најавува добредојде за сите!

Фестивалот, изминатите три децении допре до над 200 милиони гледачи, во педесетина земји во Европа и низ светот, а во фестивалските анали е запишано дека пејачи од 37 земји во Европа и светот на „Охрид Фест – Охридски трубадури“ имаат изведено околу две илјади музички нумери.

Во првата, фолк вечер ќе слушнеме 19 новосоздадени песни, што ќе ги изведат Милован Секуловски, Игор Петковски, Павле Витанов, Јуле Николовска, Мирко Вретоски, Ансанбл Билјана, Ристе Наумовски, Татјана Стефановска, Даце Николовски, Марко Трпчевски, Петар Нечовски, Катерина Танева и група „Сарај“, Перо Христов, Благица Павловска, Душко Георгиевски, Зуица Лазова, Нино Величковски, и дуетите Татјана Лазаревска – Новица Василевски и Наум Петревски – Лилија Семкова. Во ревијалниот дел ќе настапи Сузана Спасовска.

„Охрид фест“ е еден од најпознатите музички фестивали и надвор од границите и еден од значајните симболи на Охрид кои низ својата историја оставија сериозна трага во нашата музичка индустрија.

На втората, интернационална вечер, ќе слушнеме 15 нови поп- песни, а гостите дојдени специјално за оваа прилика се Божидар Волф, Дарко Капо и Зорица Андријашевиќ, Џими Сион, Срѓан Марјановиќ и Бане Видојевиќ, Гоца Тржан и Принц, Васил Гарванлиев, Неда Украден која ќе добие награда за безвременски хит за „Зора је“ и Дадо Топиќ овогодинешниот добитник на наградата за ширење музика на Балканот.

Преносот на фестивалот е преку националниот сервис МТВ, а голем интерес за него го потврдуваат и странските телевизии што го пренесуваат, па така „Охрид фест“ се гледа и во Србија, Хрватска, Босна, Црна Гора, Словенија, Албанија, Бугарија, односно преку – ТВ Црна Гора, ТВ 3,Би-ем -си мјузик, Би ем си- Етно, Хит ТВ, Нон Стоп ТВ, ТВ 3 , Net.tv Slovenija…

Првата вечер преку директен пренос се емитува на првиот канал на МТВ од 20:15 часот, во истиот термин, во сабота интернационалната вечер ќе се емитува на третиот канал на државен сервис, а преку сателитскиот канал ќе може да се проследи и во Америка и Канада.

„Охрид- фест“ повикува – да гледате, слушате и уживате! (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охрид најубав: 31. август 2023 година
Next Наум Петрески и ДНК „го кажаа словото“ во одличната „Послушајте патриоти“ како дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот
1 min read

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.