Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Тачи: Идејата за голема Албанија е смислена во Белград

Тачи: Идејата за голема Албанија е смислена во Белград


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Загреб, 9. април 2015 (ИНПРЕС)  – Еден ден откако Белград и Брисел ја осудија изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за „национално обединување на Косово и Албанија“, косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи порача од Загреб, каде престојуваше во еднодневна посета, дека идејата за голема Албанија е смислена во Србија.

– Идејата за голема Албанија не ја смислија Албанците, туку непријателите на Албанците, изјави Тачи, кој додаде дека приклучувањето кон Европската унија е „желба на граѓаните, но и политичките лидери на Косово и Албанија, односно сите Албанци“.

Хашим Тачи додал дека договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина се спроведува, и дека сега е потребно локалните Срби да се интегрираат во косовската полиција, судството и останатите органи. Тој јасно порачал дека „српскиот сон за отцепување на дел од Косово е засекогаш завршен“.

– Нема да има ни автономија на тој дел на Косово, ни „Република Српска“, ни поделба на Косово. Настојувањето на Србија да се подели Косово е многу опасно, затоа што секоја земја во регионот има по една Митровица, како нашата, изјави Тачи, според кого овој град е „симболот за етничките поделби на Косово“.

Тачи изјавил дека е сигурен дека Белград порано или подоцна ќе ја признае независноста на јужната српска покраина, без оглед на тоа дали истото ќе се слчи чекор по чекор за време на пристапувањето на Србија кон ЕУ или преку „истовремено приклучување на Србија и Косово кон Унијата“.

– Ако Србија стане членка на ЕУ пред Косово, тоа ќе биде голема грешка со историски и стратешки последици за целиот регион, изјавил косовскиот министер, според кого „Србија како членка на ЕУ би можела да има негативен став кон Косово“.

Тачи смета дека најголемата помош која ЕУ може да им ја даде на Косово и Србија е целиот регион да влезе истовремено во Унијата, како група. (Крај)

извор: РТС фото: архива

Post navigation

Previous Ердоган: Исламот треба да надвладее
Next Вучиќ на итни консултации во САД

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.