Охрид, 24. јули 2023 (ИНПРЕС) – Со неколку контролни средби, фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос се подготвуваат за следната натпреварувачка сезона.
Во среда, на 26-ти јули гостуваат во Битола, кај екипата на Пелистер. Натпреварот ќе се одигра на стадионот Петар Милошевски. Тест средбите ќе ги продолжат во сабота, на 29-ти јули, кога на домашен терен им гостува екипата на Новаци.
Без голови заврши контролниот натпревар со Елбасан, а претходно „рибарите“ беа поразени од Воска спорт. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
