Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Точков: Тече пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип, аплицирањето ќе почне во втората половина на месецов

Точков: Тече пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип, аплицирањето ќе почне во втората половина на месецов

1 min read

Охрид, 13. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Во тек е пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип.

Граѓаните кои спаѓаат во петте ризични категории: лица постари од 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години ако сакаат да се заштитат од сезонскиот грип со вакцина, можат да се пријават електронски на порталот vakcinacija.mk со пополнување на пријавата и ќе добијат потврда дека се успешно пријавени, а потоа и термин за примање на вакцината.

Вакцинацијата ќе започне во втората половина на месец октомври, а ќе се врши во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ). Директорот Сашо Точков во изјава за Супер радио и InPress вели дека нивните екипи се подготвени и ги охрабрува оваа категорија граѓани да се пријават.

– Како и секоја година овој период очекуваме да дојде несаканиот гостин, грипот. Центарот за јавно здравје Охрид е подготвен со своите екипи, епидемиолошки и на лекари и сестри да ја спроведе вакцинацијата против сезонски грип. Вакцините се пристигнати во Македонија и ги поминуваат задолжителните процедури на фармацевска контрола. Граѓаните навремено ќе бидат информирани кога точно ќе се почне со вакцинација. Пријавувањетооди преку порталот vakcinacija.mk, значи нема потреба да се оди на матичен лекар. Со пополнување на пријавата ќе добијат потврда дека се успешно пријавени. За терминот за примање на вакцината ќе добијат порака, СМС или на мејл со точниот термин и тогаш треба да се јават во амбулантата на ЦЈЗ во Охрид, Струга и Дебар, каде ќе им биде аплицирана вакцината, вели Точков.

Започнува бесплатното вакцинирање против сезонски грип во Охрид

Тој додава дека производител на висококвалитетната четиритипна вакцина е Abbot biological од Холандија, вакцините се InfluvacТetra.

Точков истакна дека и годинава ќе има и комерцијални вакцини за заштита од сезонски грип, цената сѐ уште не е одредена од страна на Министерството за здравство, се очекува да биде околу 600 денари, но сѐ уште нема конечна информација.

Сите кои ќе сакаат да се вакцинираат со комерцијална вакцина, тоа ќе може да го направат секој ден од кога ќе почне вакцинацијата во период од 08:00 до 14:00 часот во амбулантите на ЦЈЗ, при што нема потреба за пријавување.

Вакцинирањето и со бесплатни и со комерцијални вакцини ќе започне во ист ден, за што јавноста ќе биде навремено информирана. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Саем за рачни изработки во недела во Охрид
Next Пораз за ГКК Охрид на гостувањето во Гевгелија

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.