Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Анкара, 14. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Турската полиција денеска спроведе акција во печатницата „Џумхуриет“ во момент кога се подготвувало печатењето на четири страници одбрани карикатури од новиот број на француското списание „Шарл ебдо“ во знак на солидарност со списанието, врз чие седиште минатата недела беше извршен напад, при што загинаа 12 лица.
Пред тоа полицијата презеде вонредни мерки за безбедност при подготовката за излегување на карикатурите. Полициски автомобили пристигнаа во печатницата на весникот во Истанбул рано утрово и ги натераале вработените да ги застанат камионите, за да го спречат ширењето на денешниот број. Претходно, печатењето било дозволено откако обвинителите добило убедување од одговорните дека карикатурите со тема пророкот Мухамед нема да бидат објавени.
И покрај одлуката на весникот да не бидат објавени најконтроверзните карикатури, полицијата ги прошири мерките за безбедност во околината на редакција во централнта истанбулска населба Шашли. Вработен во весникот, кој побарал анонимност изјавил дека добиле стотици смртни закани. (Крај)
извор: АФП фото: АП
