Будимпешта/Белград, 10. септември 2015 (ИНПРЕС) – Унгарската армија започнала со вежби за да се подготви доколку во иднина има потреба да се вклучи за обезбедување на својата граница со Србија, со цел да се стопира приливот на бегалци.
Будимпешта соопшти дека планира да испрати војници како би и помогнале на полицијата на границата, каде секојдневно доаѓаат илјадници бегалци од Србија.
Тие поставиле и нова бодликава жица, а унгарските пратеници наскоро ќе гласаат дали е потребно да се зацврстат контролите на границите.
Унгарските медиуми пренесуваат дека во нивната земја се очекуваат нови 40.000 мигранти до следната недела. (Крај)
извор: Нова ТВ фото: архива
