Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Унгарија предлага три години затвор за илегално минување граница

Унгарија предлага три години затвор за илегално минување граница

1 min read

Будимпешта, 29.август 2015 (ИНПРЕС) – Унгарската влада во парламентот го предаде во петокот нацрт законот со кој се предлагаат построи казни за илегално минување на нејзините државни граници, меѓу кои е и тригодишната затворска казна за лица кои ја минуваат границата со Србија.

Нацрт законот за кој следната седмица ќе се дебатира во парламентот на Унгарија, предвидува 13 мерки кои би требало да овозможат ефикасно справување со незапаметениот бран бегалци во оваа земја.

Владата предвидува построги казни за криумчарите на луѓе и одредување на подрачја за премин на границите за лицата кои бараат азил.

Унгарија до 31-ви август треба да го доврши градењето на 3,5 метри високата ограда по должината на 175 километри долгата граница со Србија.

Околу 140.000 луѓе, од кои најголем дел бегаат од воените зони на Блискиот исток, се сослушани од полицијата на споменатата јужна унгарска граница од почетокот на 2015 година, и 10.000 само во текот на оваа седмица.

Предложениот закон ѝ дава поголеми овластувања на полицијата и можност војската да интервенира во кризни ситуации. Доколку бидат прифатени од парламентот, овие мерки би требало да стапат на сила на 15-ти септември.(Крај)

извор:Макфакс фото:архива

Post navigation

Previous Земјите од Западен Балкан добија неколку обврски од Виенскиот самит
Next Албанската полиција заплени половина милион стебла марихуана

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.