Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре Велигденски базар на плоштадот кај Чинарот

Утре Велигденски базар на плоштадот кај Чинарот

Охрид, 12. април 2023 (ИНПРЕС) – Утре од 11:00 часот на плоштадот кај Чинарот ќе се одржи традиционалниот „Велигденски базар“, организиран од Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“.

Предвиден е концерт и музичко сценски перформанс на охридските културно – уметнички друштва. На базарот учество ќе земат сите заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења и др.

Во забавниот дел ќе настапат културно – уметничките друштва „Ѓердан од бисери“, „Ѓердан“, „Отекс“, „Фаланга“, „Филиграни“, „Илинден“, учесниците на детскиот – музички фестивал „Распеано рибарче“, малите ѕвездички со КА – Двојче, најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ и учениците од општинските основни училишта.

Велигденскиот базар ќе има хуманитарен карактер и дел од собраните средства од продажба на производите ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно.

Исто така, ОО на Црвен крст ќе постави свој штанд, со кутија за донации каде што секој посетител ќе има можност да даде своја донација за помош и поддршка на ранливите категории граѓани, во духот големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охридскиот градоначалник на средба со министерката за животна средина
Next Жителите на „Славеј Планина“ и дел од „Туристичка“ неколку часа без вода

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.