Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утревечер оперски рецитал во чест на празникот Св. Климент Охридски

Утревечер оперски рецитал во чест на празникот Св. Климент Охридски

1 min read

Охрид, 7. август 2023 (ИНПРЕС) – Утревечер во црквата „Св. Софија“ од 20:30 часот ќе се одржи оперски рецитал на оперската пејачка Илина Митревска, во предвечерието на големиот празник Св. Климент Охридски.

Таа ќе настапи во пијано придружба на Дарко Мариновски.

Младата сопранистка студира на Конзерваториумот „Giuseppe Tartini” Во Трст, Италија, под менторство нa реноминираниот Италијански сопран – Паолета Марроку.

Средно образование завршила во музичкото училиште во Скопје, при одделот за соло пеење, во класата на професорката Гонца Богоромова Краповски, воедно како дел од вокалната академија на професорите Ана и Игор Дурловски. Интензивно работи со првенецот на Македонската опера и балет, тенорот, проф. Ѓорѓи Цуцковски како и првенката проф. Славица Петровска Галиќ. Во 2020 година ги почнува студиите со белканто мајсторот – Лорензо Регацо.

Во нејзиното досегашно учење се стекнува со голем број настапи: солистички настап со Македонската Филхармонија, солистички концерт во Софија, под диригентската палка на маестро Христо Христов, а учествува на фестивалите Скопско Лето, Звуците на Чаршијата.

Има рецитали и настапи низ Трст, Скопје, а после настапот во 2022 во Рим, е редовно поканета на Фестивалот „Concerti del Tempietto”. Годинава е избрана да ја толкува улогата на Дидо од операта „Дидо и Енеа” на Хенри Парсел, во театарот Џузепе Верди во Муџа.

Има учествувано и освоено награди на повеќе меѓународни натпревари во Италија, Македонија, Србија, Бугарија, како Балканската Романсијада, натпреварот „Лазар Јовановиќ”, „Полихимнија”, „Neapolitan Masters”, “„Art-In”, „Città di Belluno” „London Classical Competition”…

Влезот на концертот ќе биде слободен. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Вечерва промоција на книгата „Авантурите на Космонаутко“ од Денис Јанкуловски
Next Водостојот на Охридското Езеро над просекот за август

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.